Купувачот има право да го врати нарачаниот производ согласно наведените услови во оваа политика.
Секој корисник при прием на пратката е должен да ги прегледа производите и да провери дали има евентуални оштетувања или недостиг од производи. Доколку при испораката се забележи оштетување или недостасување на одреден артикл, купувачот е должен веднаш да ја извести службата за поддршка или преку е-пошта, за да се изврши замена на производот или повторна достава.
Доколку не се пријави неправилност при прием на пратката, подоцнежна рекламација за оштетен производ нема да биде прифатена. Во такви случаи, трошоците за враќање или замена паѓаат на товар на купувачот. Ако процесот на замена не биде завршен во рок од 15 дена, потрошувачот го губи правото на рекламација.
Планет ДООЕЛ го задржува правото да изврши измени на овие правила и услови за продажба во секое време.
Со извршување на нарачка преку нашата веб-страница, корисникот се согласува со сите наведени услови за продажба.