Услови и правила за купување
Цените на производите прикажани на нашата веб-страница се изразени во македонски денари со вклучен ддв и не содржат скриени трошоци. Сликите, видеата и другите промотивни материјали се прикажани со илустративна цел и можат да се разликуваат од реалниот изглед или функционалност на производот.
Задржуваме право на промена на цените без претходна најава. Промените стапуваат во сила од моментот на нивното објавување на веб-страницата. Нарачките направени пред промена на цените се наплатуваат по цената која важела во моментот на извршување на нарачката.
Купувачот се обврзува да ја плати цената која е активна при финализирање на нарачката. Промоции, попусти и специјални понуди се објавуваат одделно и важат само за означените производи.
Корисникот може да избере повеќе производи или пакет производи и да ги додаде во кошничката. Доколку сака да направи промена или да ја откаже нарачката, тоа може да го стори најдоцна во рок од 3 часа по потврдата, додека нарачката се наоѓа во статус „во процес на обработка“.
Во случај на технички проблем или прекин на интернет врската, компанијата Планет ДООЕЛ има право да ја одбие или откаже нарачката. Во такви случаи, купувачот нема дополнителни обврски, освен враќање на евентуално уплатените средства.
Испорака и достава
Испораката се врши на територијата на Република Македонија, а трошокот за достава изнесува 150 денари, освен во случаи кога важи промоција со бесплатна испорака.
Испораката се врши преку овластена курирска служба. По потврдата на нарачката, купувачот добива е-пошта со информации за статусот на испораката.
Купувачот ќе биде известен преку:
1. Потврда дека нарачката е примена.
2. Потврда дека производот е подготвен и испратен кон адресата наведена при нарачката.
Рокот за испорака е 1 до 3 работни дена од моментот на прием на првата потврда, во зависност од локацијата.
Во случај курирската служба да не може да изврши достава поради неточна адреса или недостапен примач, пратката се чува до 4 дена, по што се враќа назад до испраќачот.
Доколку пратката биде вратена поради грешка на купувачот, повторната достава се наплаќа 130 денари, освен кога првично имало право на бесплатна достава.
За сите прашања поврзани со испораката, купувачите можат да нè контактираат преку е-пошта: contact@planet.mk или на телефон: 078/217-314.